Во изминатите 24 часа починаа 31 пациент и 824 се новозаболени од коронавирусот

by Fokus

Во последните 24 часа се направени 3.988 тестирања, а регистрирани се 824 нови случаи на ковид-19. Пријавени се вкупно 31 починато лице и регистрирани се 682 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје се 313, Куманово 75, Битола 59, Прилеп 46, Тетово, Велес и Кавадарци по 30, Штип и Струмица по 29, Гостивар 24, Охрид 20, Кичево 16, Свети Николе 15, Гевгелија 14, Делчево 13, Богданци 9, Неготино 8, Струга, Кочани, Крива Паланка и Виница по 7, Ресен и Валандово по 6, Радовиш 5, Берово, Пехчево и Македонска Каменица по 4, Крушево и Кратово по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран по 1 .

Регистрирани се 682 оздравени пациенти од: Скопје 285, Кавадарци 57, Прилеп 49, Куманово 45, Битола 31, Гостивар 29, Велес 24, Тетово и Кичево по 20, Неготино 19, Гевгелија 18, Штип 16, Струмица 14, Кочани 10, Валандово 9, Берово 8, Свети Николе 7, Демир Капија 4, Ресен, Пробиштип и Виница по 3, Охрид, Радовиш и Македонски Брод по 2, Струга и Дојран по 1.

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 12 од Скопје (50, 52, 61, 62, 63, 64 , 64, 68, 74, 75, 77 и 79), по 3 од Куманово (70, 75 и 75) и Охрид (65, 72 и 87), 2 од Прилеп (67 и 80 ) и по 1 починат од Битола (38), Виница (62), Гостивар (83), Дебар (75), Кавадарци (63), Кратово (75), Пробиштип (85), Радовиш (79), Ресен (67), Свети Николе (69) и Тетово (71).

Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите 30 се починати во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во тек на месец март.

Направени се 3.988 тестови преку: ИЈЗ 526, ЦЈЗ Скопје 79, ЦЈЗ Битола 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби 1, Судска медицина 7, лабораторија болница Козле -0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ „8-ми Септември“ 16, Институт за микробиологија 71, МАНУ 129, Жан Митрев 143, Авицена 293, Биотек 323, Систина 247, лабораторија Лаор 548, Синлаб 132, Ремедика 66, Плодност 60, Генеа 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) вкупно 1.274.

Досега во земјата се направени вкупно 688.876 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 146.733, бројката на оздравени пациенти е 122.121, на починати е 4.419, а бројот на активни случаи изнесува 20.193.

 

Поврзани новости