Во Италија за време на Велигденските празници, но и во очекување на пролетта, поради зголемениот прилив на домашни и странски туристи ќе има недостиг од околу 50.000 работници во областа на туризмот.
Минатата година во Италија се забележани 400 милиони ноќевања на домашни и странски туристи, а годинава се очекува поволниот тренд да продолжи и покрај недостигот на туристички работници, соопшти АНСА.
Тешкотиите во наоѓањето кадар во Италија беа забележани со години пред пандемијата на корона, но сега тие стануваат посериозни со релаксирањето на туризмот, особено во областа на Ромања, Сицилија и Сардинија.
Претставниците на здружението на туристички работници во наредните недели ќе ги презентираат конкретните регулаторни предлози на министерката за туризам Данијела Сантанка и министерката за труд Марина Елвира Калдероне, пренесе италијанската агенција.