Во Италија тројно зголемена стапката на смртност од срцев удар

by fokus

Во Италија стапката на смртност од срцев удар се зголеми за трипати: од 4,1 на 13,7 проценти, како резултат на епидемијата на вирусот Ковид-19, кој ги преполни болниците во земјата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, тоа е утврдено врз основа на споредување на податоците од 12 до 19 март во однос на истиот период лани.

Поради страв од вирусот одложени се и интервенциите во 39 отсто од случаите.

Италија е една од земјите најтешко погодени од новиот корона вирус, со повеќе од 30.000 жртви.

Поврзани новости