По силниот земјотрес во кој загинаа 291 луѓе, италијанските власти ќе истражуваат дали компаниите ги игнорирале анти-сеизмичките правила и стандарди, кога ги реставрирале јавните згради, пренесе Гардијан.
-Сите се сомневаат дека трагедијата не е само прашање на судбина. Наша должност е да провериме дали исто така имало и одговорност, или човечка грешка, рече Џузепе Саиева, главен обвинител во Риети, град северно од Рим, кој ја води истрагата.
Според Гардијан, судиите ќе го испитуваат и реконструирањето на кулата на една црква во Акумоли, град во близина на Аматриче, кој е во епицентарот на земјотресот. Четворица, кои биле дел од иста фамилија починале на лице место откако кулата им се урнала над нивниот дом. И оваа градба исто така била реконструирана според анти-сеизмички стандарди со помош на јавни средства дадени по земјотресот во 1997 година во централна Италија.