Во Италија со корона вирус заразен прв професионален фудбалер

by fokus

Фудбалер од италијанската Серија Ц е заразен со коронавирусот, пренесе „Ла национе“. Станува збор за 22-годишниот играч на Пјанезе, клуб од провинцијата Сиена.

Фудбалерот го пропушти натпреварот минатата недела, поради температура и општата слабост. После тоа, тој одлучи да биде во изолација. Тестот за коронавирус покажа позитивен резултат, играчот беше примен во болница и се наоѓа во добра состојба.

За потсетување, Италија е четврта држава во светот по бројот на заразени со коронавирусот. До денес 453 лица се разболеле, а 12 лица починале.

Поврзани новости