782
Италијанскиот министер за образование Лоренцо Фјорамонти денеска изјави дека часовите за климатските промени ќе станат задолжителни за учениците во државните основни и средни училишта.
Фјорамонти на Твитер напиша дека Италија ќе биде првата земја во светот што ќе воведе учење за одржливост и климатски промени во задолжителната училишна програма.
Учениците ќе имаат вакви часови од прво одделение до крајот на средното образование.