Во Италија рекордни речиси 11.000 нови случаи на коронавирус

by Fokus

Рекордни 10.925 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Италија во последните 24 часа, а 47 пациенти починале, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е втор ден по ред како се регистрира најголемо дневно зголемување на бројот на новозаболени од почетокот на пандемијата.

Италија беше најтешко погодената земја во Европа во првиот бран на епидемијата минатата пролет, а по бројот на жртви со 36.427 смртни случаи е на второ место по Велика Британија.

Поврзани новости