Во Италија поради штрајкот на аеродромскиот персонал откажани се речиси 1.000 летови, а синдикатите кои го организираа штрајкот објавија дека во него учествувале речиси сите вработени, објави Анса.
Стотици летови беа откажани само на најголемите италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250.000 патници, а Здружението за заштита на потрошувачите Кодаконс верува дека штетите поради откажувања и доцнења изнесуваат милиони.
Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на „Малта ера“, кои оперираат летови на Рајанер во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вуелинг“.
Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железничарите во четвртокот, кој предизвика значителни проблеми во јавниот превоз, пренесува Индекс.хр.