Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.55 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, патничко возило „фолксваген туран“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Свети Николе, удрило во малолетен пешак од Штип.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, информираа од МВР.
Само 15 минути подоцна во ОВР Гостивар било пријавено дека на раскрсница од ул. „18 Ноември“ со ул. „Београдска“ во Гостивар, товарно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(25) од Косово, со живеалиште во Гостивар, удрило во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар, стои во полицискиот билтен.