Никола Груевски најави дека во вестите на Сител ќе позборува и за актуелните состојби во државата, но во интервјуто не стана збор за тоа. Во краткиот разговор од нешто повеќе од десетина минути, тој говореше само за судските процеси кои се водат против него.
Како што рече Груевски, процесите се покренати за да биде оцрнет и со цел јавноста да се дефокусира.
-Година дена ме влечкаат по судови, во апсурдни случаи. Станува збор за поширока хајка со повеќе цели. Едната цел е како премеир кој силно се бореше за недозволување проблемот со името да се решава по терк на нашите соседи, да бидам оцрнет понижен и омаловажен, да не може да се прави компарација меѓу моето делување и ова сега, ко ќе се прави споредба да се каже па добро тој е осуден нема потреба со него да се споредува. Друга цел е дефокусирањето на јавноста – рече Груевски.