Покраинскиот министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска (Австрија) – Вернер Амон на прес-конференција со македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, порача дека во Штаерска треба да гледаме доверлив партнер на нашиот пат кон ЕУ.
Тој нагласи дека Австрија припаѓа на оние земји кои силно го поддржуваат пристапувањето на Западен Балкан и пред се на Северна Македонија во ЕУ, бидејќи, како што рече „битно е кога светот се сочува со големи нестабилности да се внесе стабилност во регионот, а членството во ЕУ би придонело за поголема стабилност“.
– Во интерес на Австрија е земјите од Западен Балкан, а пред се Северна Македонија што поскоро да пристапат кон ЕУ бидејќи за сите нас во Европа тоа е прашање на стабилност, на економскиот напредок.Затоа што сметам дека предолгото чекање секако води кон фрустрација и треба да внимаваме, да ги убедиме луѓето да не се разочараат на патот кон ЕУ. И токму тој напредок треба навистина и да биде награден и наскоро да резултира и со пристапување во ЕУ – рече Амон, одговарајќи на новинарско прашање.