Во Ињево ќе се игра фудбал во чест на четворица сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа пред 21 година

by Fokus

Во село Ињево, Радовиш, ќе се одржи меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на четворица млади жители, кои биле големи поддржувачи на спортот, а трагично загинале во сообраќајна несреќа во август 2003 година.

Од тогаш, за да се зачува споменот за нив, редовно се организира турнирот на кој се доделуваат парични награди за најдобрите екипи.

Годинава наградниот фонд изнесува околу пет илјади евра. За првото место се предвидени 160.000 денари, за второ место 70.000 денари, за трето место 30.000 денари и за четврто место 15.000 денари. Исто така, предвидени се награди за најдобар голман, најдобар играч, голгетер.

Настанот ќе се одржи на 20-ти јули, а екипите можат да се пријавуваат до 18-ти јули.

Организатор на турнирот е ,,Меморијален турнир Бобовец 2003”, а генерални спонзори се дијаспората на село Ињево и Општина Радовиш.

Вики Клинчарова

Поврзани новости