620
Луѓето кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирусот во главниот град на Индонезија, Џакарта, може да бираат – или ќе платат парична казна или една минута да лежат во мртовечки сандак.
Во оваа островска земја, изминативе денови дневниот број на новозаразени лица надминува илјада, соопштија официјални лица.
Некои луѓе избираат ковчег затоа што немаат пари да платат. Казната изнесува околу 14.35 евра.
Индонезија има вкупно над 180.000 заразени и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19.