Во име на единството, Османи му подаде рака на Иванов

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи денеска имаше средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, на кој го информирал за  „Планот 3-6-9“, во кој се содржани предлог-реформите што произлегуваат од Програмата за работа на Владата 2017-2020.

-Иако нашата партиска определба останува принципот на етничка консензуалност при изборот на следниот претседател на Република Македонија, подаваме рака за остварување единство, консензус и поддршка за реформите потребни за нашите европски и евро-атлантски интеграции. Инклузивноста е важна за да обезбедиме постабилна и поредовна кохабитација меѓу Владата и претседателот на Република Македонија, со што би се обезбедила поефикасна и постабилна функционалност на политичкиот системи, изјави Османи по средбата.

На средбата, Иванов побарал решенијата во реформите на системот за безбедност и одбрана да бидат во согласност со уставните обврски на Советот за безбедност на Република Македонија, додека за заканата од илегална миграција да се постапува во согласност со воспоставената процедура во Законот за управување со кризи.

Поврзани новости