404
Веројатно е грешка тоа што претсетаделот Ѓорге Иванов ме поканил како градоначалник на општина Струмица да присуствувам на свеченоста по повод прославата на Илинден, изјави премиерот Зоран Заев, запрашан за коментар во врска со поканата која Иванов му ја испрати денеска.
Јас одамна не сум градоначалник на Струмица и сметам дека е направена некоја грешка, изјави Заев.
За да не се наруши кохабитацијата со претседателот, Заев не сакаше да коментира повеќе на оваа тема.