Огромни гужви, паника во обид да се влезе во продавниците на Икеа и да се дојде до парче мебел, се сликите кои од вчера ги објавуваат руските медиуми.
Ова следи по објавата на шведскиот бренд дека ги затвора своите врати на продавниците во Русија од денес. Запрен е целиот извоз и увоз во и од Русија и Белорусија и запираат сите малопродажни и индустриски операции на Икеа во Русија. Инаку, Икеа во Русија има 17 продавници, и околу 15.000 вработени.
Според соопштението од компанијата, обезбедена е поддршка за вработените, а исто така Икеа донираше 20 милиони евра хуманитарна помош за насилно раселените поради конфликтот во Украина.
Под фотографиите од долгите редици во Икеа, објавени во руските медиуми, чести се коментарите дека рускиот народ не направил такви колони пред банките, како што тоа се случува во продавниците за мебел.
Вики Клинчарова