Во Идризово по двајца затвореници спијат во еден кревет

by fokus

Насер Зибери- народениот правобранител во својот извештај констатирал дека затворот во Идризово повеќе од 30 затвореници во една ќелија користат ист тоалет, а ходниците на затворите се преполни со душеци кои служат како импровизирани соби. Во психијатриските болници се пронајдени појаси, кабли и катанци со кои постои сомневање дека биле врзувани пациентите.

-При увидот е констатирано дека во една од собите со површина од околу 14 м/2 се сместени 15 осуденици, од кои 6 спиеле на душеци и на под, додека останатите спиеле на кревети на четири ката. Екипата за медицинска помош секојдневно повикува брза помош, дури и неколку пати на ден, за да им пружи медицинска помош на овие лица. Секако, ваквата состојба на овие луѓе е резултат и на условите за сместување. Тоа покажува дека лекарскиот тим не е редовно присутен во оваа установа и на овој начин им се загрозува здравјето. Во останатиот дел од зградата беше констатирано дека осудените лица се сместени во простории во коишто нема доволно кревети за секого. Во една од просториите со 15 квадратни метри беа сместени 13 осудени лица, а од осудениците сместени тука се добија информации дека спијат по двајца истовремено во еден кревет или на смени и на земја, рече Зибери.

Во однос на пренатрупаноста на затворите, Народниот правобранител рече дека амнестијата не е единствениот начин за решавање на проблемот, туку дека земјата ќе треба да примени други алтернативни мерки како што се употребата на алки кои осудениот ќе ги носи постојано, изрекување алтернативни мерки за издржување на казната, натамошен прекин на издржувањето на казната за кривични дела со помали казни или други методи кои се практикуваат подолго време во развиените земји.

Поврзани новости