Во хрватски Конзум од денеска може да се плаќа со криптовалути

by fokus

Од денеска хрватски Конзум им овозможува на клиентите да плаќаат со криптовалути во својата онлајн продавница, што го прави првиот малопродажен синџир во Хрватска што овозможува ваков вид на плаќање.

Така, физичките и правните лица, сопственици на криптовалути, можат да купуваат и да платат намирници, средства за хигиена и домаќинство и други производи од богатата понуда на онлајн продавницата на Конзум со повеќе од 12.000 артикли.

– Воведувањето плаќање со криптовалути е уште еден показател дека Конзум постојано ги следи светските трендови, воведува иновации и поставува стандард во малопродажниот сектор. Продолжуваме да инвестираме во развој на иновации и технологии со цел да останеме прв избор за нашите клиенти и како малопродажен синџир на новата генерација да обезбедиме премиум искуство за купување, изјави членот на Управниот одбор на Конзум, Урош Калиниќ.

Конзум воведува плаќања во криптовалути во соработка со хрватската компанија Електроник и нивниот систем Пејчек, првиот хрватски процесор за плаќање со криптовалути. Онлајн продавницата ќе прифаќа девет различни криптовалути за плаќање – биткоин (BTC), етер (ETH), биткоин кеш (BCH), ЕОС, ДАИ, рипл (ХРП), стелар лумен (ХЛМ), тетер (УСДТ) и УСДЦ.

Поврзани новости