Во Хрватска откриена бразилската мутација на корона вирусот

by Fokus

Бразилската мутација на корона вирусот е идентификувана првпат во Хрватска, потврди научниот тим од Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“.

Според Институтот, од вкупно 50 анализирани примероци собрани во изминатите три месеци, тимот предводен од Оливер Вугрек кај еден примерок пронашол мутација на протеинот каков што постои во бразилскиот вид на коронавирус, односно варијанта Б. 1.1.28.

Собрани се примероци од Загреб, Чаковец и Осиек, а бразилската мутација била потврдена на примерок од Загреб. Тој примерок е земен на 30 јануари.

Првите случаи на британска мутација на коронавирусот, од примероци земени на Загрепската клиника за инфективни болести, исто така, неодамна беа потврдени во Хрватска.

Поврзани новости