Во Хрватска откриен споменик во чест на Тоше Проески

by fokus

Во Хрватска во Нова Градишка на шеталиштето „Новоградишки куриозитети” , во близина на местото кадешто загина легендарниот Тоше Проески, откриен е споменик во негова чест.

Камената статуа на музичарот е дело на скулпторот Славко Буниќ, а идејата Тоше да добие споменик во Нова Градишка била на Ѓуро Хорват, директор на хрватската компанија „Техникс“, која соработувала со македонски претпријатија.

Тамошниот градоначалник Гргиќ, на официјалната страница објави дека трагедијата оставила непрекинлива поврзаност помеѓу Нова Градишка и Крушево.

Поврзани новости