Во Хрватска може и со старите пасоши

by fokus

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше изразена благодарност за досегашната соработка и уште еднаш беше потенцирана заложбата за спроведување на слободни, фер и демократски избори.

Амбасадорката Тигањ ја потенцираше долгогодишната соработка и ја претстави Република Хрватска како наш најголем поддржувач во евроинтегративните процеси. Во однос на проблемот со патните исправи, амбасадорката Тигањ изјави дека Република Хрватска има разбирање за проблемот и дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност, за што министерот Тошковски изрази огромна благодарност.

Поврзани новости