658
Холандија постави нов негативен рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот, откако денеска се регистрирани повеќе од 8.000 пациенти, а 29 лица починале, објави Националниот институт за јавно здравје.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус денеска е 8.114.
Во Холандија од почетокот на епидемијата до сега починале 6.737 лица.