Во Херсон снемува храна и лекови

by Фокус

Украинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека на околу 300.000 лица од окупираниот град Херсон им снемува храна и медицински материјал.

Од таму ја обвинија Русија дека спречува цивилите да се евакуираат на територијата што ја контролира Украина.

- Advertisements -

Портпаролот на украинското Министерство, Олег Николенко, на Твитер напиша дека 300.000 жители на Херсон се соочуваат со хуманитарна катастрофа поради блокадата на руската армија.

„Храната и медицинските материјали речиси исчезнаа, но Русија одбива да отвори хуманитарни коридори за евакуација на цивилите“, напиша Николенко.

Поврзани новости