Најмалку 17 лица загинаа утрово кога се преврте рибарски брод кој пренесувал мигранти кај Пилос во Јужна Грција.
Покрената е голема операција за пребарување и спасување. Најмалку 100 луѓе беа спасени од грчката крајбрежна стража по ноќниот инцидент што се случи на околу 75 километри југозападно од јужниот грчки регион Пелопонез.
„Спасените се транспортираат со блискиот брод до Каламата, каде што е организиран нивниот пречек во соработка со Генералниот секретаријат за цивилна заштита“, соопшти Грчката крајбрежна стража.
Четири лица со хеликоптер на воздухопловните сили се пренесени во Каламата, каде со возила на брза помош биле префрлени во Општата болница во Каламата.
„Ниту еден од спасените немал спасувачка опрема, елек за спасување. Досега од опсежните истраги, идентификувани и извадени се седумнаесет тела“, стои во соопштението на Грчката крајбрежна стража
Шест бродови на крајбрежната стража, фрегата на морнарицата, воен транспорт и хеликоптер на воздухопловните сили учествуваа во потрагата по други за кои се верува дека се исчезнати.