Во Грција потврдени 20 случаи на мајмунски сипаници

by Фокус

Во Грција потврдени се вкупно 20 случаи на мајмунски сипаници заклучно со 21 јули 2022 година, седум повеќе од минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје.

Потврдените случаи се мажи од 24 до 59 години, односно просечната возраст е 40 години, а 11 од заразените (55 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Во Европа, до 19 јули 2022 година, се регистрирани 10.604 случаи на мајмунски сипаници во 36 различни земји.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

Поврзани новости