Во Грција почнува вакцинацијата на деца од пет до 11 години

by fokus

Родителите на децата од пет до 11 години во Грција, од денеска можат да закажат термин за вакцинација на нивните деца, која ќе започне следната среда, јави дописничката на МИА од Атина.

Платформата за пријавување и закажување термин е веќе отворена, се очекува во понеделник во земјата да пристигнат вакцините на Фајзер наменети за децата, со оглед на тоа дека дозите се помали, а вакцинацијата ќе започне во среда.

Вакцинацијата ќе биде во болниците, во првата фаза ќе бидат отворени центри за детска  вакцинација во 75 делови на Грција, додека пак за островите и за оддалечените места предвидени се мобилни единици.

Поврзани новости