565
Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина.
Заврши и ласањето на референдумот на македонските државјани во Србија кои го остварија своето право во Дипломатско-конзуларното преставништво во Белград. Како што јави дописникот на МИА, од запишаните 24 граѓани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија на гласачкото место 5025 до 19.00 часот гласаа 17 лица.