Во Грција оваа година беше основана невладината организција Центар за македонски јазик Грција. Основна цел на Центарот е делување во насока на зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.
Активностите на Центарот се групирани во три основни области: образование, застапување и документација.
Главна активност на Центарот ќе биде бесплатниот онлајн курс по македонски јазик.
Истиот е веќе достапен на веб страницата на организацијата www.makedonski.gr и е наменет за раѓаните на Грција кои имаат малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик.
Курсот има вкупно 70 лекции, групирани во пет дела:
1. Македонска граматика: Прв дел (14 лекции)
2. Македонска граматика: Втор дел (16 лекции)
3. Македонска граматика: Трет дел (10 лекции)
4. Македонски вокабулар (20 лекции)
5. Македонска култура (10 часови)
За пристап до материјалите на курсот, од учесниците се бара да се регистрираат, користејќи валидна е-пошта. Потоа, се логираат на веб страницата. Достапна е и апликација на App Store (Apple) и Google Play Store (Android).
Членови на невладината организација ги повикуваат Македонците од Егејска Македонија да ги запишат своите деца на курсот и напоменуваат дека со изучување на македонскиот јазик не се крши ниеден грчки закон.
К.С.Б.