На локална плажа во грчкиот град Волос се појави невообичаена сцена – жителите видоа илјадници мртви риби на површината на водата.
Слична ситуација е забележана и во неколку други крајбрежни места во Грција, а оваа страшна појава претставува еколошка катастрофа и закана за јавното здравје.
На лице место има и силна, непријатна миризба која се прошири низ околината и предизвика дополнителна загриженост кај мештаните.
Покрената е истрага за утврдување на причините за оваа еколошка катастрофа.
Мртви риби, освен во Волос, биле забележани и во градовите Агрија, Аликес и во Неа Ангиолос, пишува „voria.gr“.
Истрагата за оваа непријатна појава беше доверена на Центарот за поморска управа во Волос под покровителство на Обвинителството.
Ќе се врши во специјализирани лаборатории, каде ќе се пренесат примероци од мртви риби од устието на езерото Карлас во Волос, а потоа ќе се испита можноста некоја супстанца да навлезе во телото на рибата.
Ќе се тестира и квалитетот на водата.
Истрагата ќе се води долж целиот брег на Пагаситикос каде се пронајдени угинатите риби.