Во Грција досега пристигнале 1.500 украински државјани

by fokus

Во изминатите 24 часа во Грција влегле 468 украински државјани, додека пак во изминатите шест дена во земјата пристигнале вкупно 1.500 лица од Украина, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос вчера одржа состанок за бегалските бранови од Украина и од Министерството соопштија дека во изминатите пет дена, заклучно со вчера во земјата влегле 1.032 украински државјани, додека пак во изминатото деноноќие, според грчката полиција, пристигнале 468 лица.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека Грција е целосно подготвена за бегалските бранови од Украина, но и додаде дека барањето до Европската Унија е да се создаде механизам за распределба на луѓето, за секоја од членките да знае колку бегалци ќе треба да згрижи.

Доцна синоќа во Атина пристигнаа два автобуси со украински државјани.

Поврзани новости