596
Во грчко село во регионот на Преспа е поставен споменик посветен на протестите против потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Скопје и Атина, пред две години.
„Во ова село, на 17 јуни 2018 година, грчките граѓани се спротивставија на потпишувањето на Договорот од Преспа“, пишува на мермерниот споменик.
На споменикот, потпишани се извесни „Македонци од Драма“, кои пишуваат дека „го кинат Договорот од Преспа“.
На задната страна на споменикот, запишани се имињата на 19 лица од Грција, Канада, Австралија и САД, кои се спонзори и финансиски помогнале за изградбата. Тие, според локалните медиуми, за споменикот добиле дозвола од општина Преспа.