Состојбата во градинките во однос на ситуацијата со ковид-19 е стабилна, како што е и во изминатата година откако тие почнаа да работата, оцени денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), посочува министерката, во градинките нема хоризонтална трансмисија на вирусот.
-Денеска на реферирањето на утринскиот Кризен штаб се информирав дека само 13 воспитувачи, вработени и стручни лица се позитивни во цела држава и само девет дечиња. Дополнително во изминатите седум дена направивме вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите кој беше остварен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Нивниот извештај испратен до Министерството за труд и социјална политика е дека протоколите доследно се почитуваат, дека нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките, изјави Шахпаска.