Во Гостиварско прегазен пешак

by Fokus

МВР информира дека доцна синоќа во 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с. Вруток, во с. Здуње, патничко моторно возило „џип“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.С.(58) од гостиварски Вруток, удрило во А.Ш.(61) од гостиварско Врбјани.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар.

Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани новости