443
Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто.
По селата во подшарпланинскиот регион, во Општина Врапчиште на гласање излегле 1.781 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста достигнува 6,87 отсто.
- Advertisements -
Во најмалубројната општина која од оваа година е во ИЕ5 Маврово и Ростуше на гласање излегле 351 од вкупно 9,996 избрачи што е приближно 3,51 отсто.
Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес. МИА