Во Гостивар ограбен брачен пар во нивниот дом

by fokus

Брачен пар од Гостивар, утрово бил нападнат и ограбен, откако во нивниот дом насилно влегле тројца разбојници. За време на провалата, сопружниците спиеле.

Според СВР Тетово, утрово, околу 2:30 часот, три маскирани лица, од кои едното имало пиштол, извршиле разбојништво во куќата на Ј.Ј. (61) во Гостивар.

-Разбојниците претходно провалиле преку прозорец и пребарувале низ куќата. Вревата го разбудила сопственикот Ј.Ј. (61), кој бил физички нападнат и удиран по главата и телото. Од домот одземени се околу 50 илјади денари, два рачни часовника, два мобилни телефона и златен накит. Откако ги зеле скапоценостите, разбојниците ги заклучиле двајцата сопружници и ја напуштиле куќата, наведуваат од полицијата.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле увид, при што пронајдени, фотодокументирани и подигнати се повеќе траги за вештачење. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Поврзани новости