Во Гостивар лишен од слобода сторител на дваесетина тешки кражби

by fokus

По извршен претрес во куќа во Гостивар, кај 30-годишен гостиварец, полицијата пронајде предмети, кои потекнуваат од повеќе тешки кражби. Лицето е лишено од слобода, пренесуваат од МВР.

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, на 8.1.2019 од 15 до 16 часот, извршиле претрес во објект на улица „Јордан Јордановски“ во Гостивар, во кој времено престојувал 30-годишниот Б.С. од Гостивар. При претресот, реализиран со судска наредба, во објектот се пронајдени предмети кои потекнуваат од повеќе тешки кражби: уметнички слики, разновиден алат и други предмети. Б.С. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, поради сомнение дека е сторител на дваесетина тешки кражби.“

Поврзани новости