Во Гостивар единаест лица во домашна изолација, нема случај на коронавирус

by fokus

Според последните информации на здравствените власти во Гостиварската општина нема регистрирани случаи на заразени од коронавирусот. Во домашна изолација се наоѓаат најмалку единаесет лица, кои кон крајот на февруари, со брачниот пар од Дебар патувале од Италија.

Според Јакуп Јакупи, директор на гостиварската болница во изјава за МИА нагласи дека единасетмината патници кои на 27. февруари патувале од Италија кон Македонија заедно со две лица кај кои е потврдено присуството на вирусот, во домашна изолација ќе бидат уште два дена (до 12 март). Кај нив изминатите денови не се појавиле симптоми, а при тестирањета се покажале како негативни на корона вирусот. Зависно од нивната состојба, како што нагласи Јакупи, како што рече Јакупи ќе се спроведуваат натамошни мерки.

Поврзани новости