385
Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице починало, а друго било повредено кога при сеча на дрво врз нив паднало дрво.
„Вчера во 14.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26) од село Лопате, кумановско. По преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал. По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција“, соопшти МВР.