208
Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за лекување на зависности во северен Иран, објавија денеска иранските медиуми.
Полицијата ги истражува причините за пожарот во Центарот за одвикнување на зависности од опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр.
Раководителите и службениците на центарот се под истрага.
Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Иран има еден од најтешките проблеми со зависности во светот. Се наоѓа на главната рута за шверц на опиум и хероин од Авганистан до Западна Европа.