Во Германија уапсен македонски државјанин баран со потерници, осуден на 17 години затвор

by Fokus

Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР вчера во Хамбург го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

-Како што информира МВР, К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна. Оваа акција, велат од Министерството, е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција

Поврзани новости