Во Германија се краде кашкавал

by Fokus

Во западногерманската покраина Сар од камион паркиран на автопат на место за одмор украдени се 230 килограми кашкавал.

Крадците успеале да го земат холандскиот кашкавал едамер за време на викендот.

Нејасно е како на прометно место незабележително е ограбен камионот со кашкавал.

Полицијата не знае колку е вкупната вредност на украдениот производ.

Камиони потешки од 7,5 тони не смеат да се движат по германските автопатишта во недела. Често, возачите се принудени да го прекинат возењето и да паркираат на места за одмор.

Поврзани новости