Германската полиција во Хамбург денеска во соработка со државното обвинителство изврши претрес во фармацевтската фирма „Цитосервис“ (ZytoService), како и во повеќе лекарски ординации, аптеки, една болница, приватни имоти поради сомнеж за измама со лековите против рак.
Тоа е најголем претрес извршен во Хамбург, а во акцијата учествуваат повеќе од 420 полицајци и шест обвинители.
„Цитосервис“ е водечки производител на инфузии кои се користат во терапијата против рак.
Портпаролката на обвинителството за економски криминал Лиди Ехтеринг изјави дека се води истрага против 14 лица, меѓу кои и тројца аптекари, девет лекари и две лица на високи позиции во фармацевтската компанија.
Според германската телевизија АРД „Цитосервис“ подмитувала лекари.
Од јануари 2017 година одреден број лекари добивале од „Цитосервис“ пари во висина од половина милион евра, добивале неповратни заеми, користеле луксузни возила и други погодности, а на некои им била купувана и опрема за ординациите. А компанијата барала од лекарите да ја препишуваат нивната инфузија.
Етхеринг наведе дека Обвининтелството ги товари осомничените за подмитување, земање мито и сметководствена измама.
Една терапија на „Цитосервис“ чини и до 100.000 евра