Бројот на невработени во Германија достигна најниско ниво од 1991 година, а стапката на невработеност падна на 5,1 отсто, се вели во Федералната агенција за вработување во Нирнберг.
“И покрај ослабениот раст, пазарот на трудот продолжува да се развива во позитивна насока”, рече шефот на Федералната агенција за вработување, Детлеф Шеле, кога ги презентираше најновите статистички податоци за невработеноста за март.
Пролетното заживување на пазарот на труд оваа година е поради невообичаено високите температури и доброто време, а особено влијаеше на растот на вработеноста во секторите градежништво, земјоделство и угостителство.
Шефот на Федералната агенција истакна дека зголемувањето на бројот на вработени со полно работно време е повисоко за повеќе од 660.000 во споредба со претходната година.
Најзастапени работни места се забележани во градежништвото, јавната администрација, малопродажбата и здравството.