501
Во Германија е потврден првиот случај на коронавирусот, епидемијата што избувна во Кина кон крајот на 2019 година.
Канцеларијата за здравство во Баварија потврди дека со вирусот е заразен жител на Штарнберг, место на триесет километри од Минхен. Пациентот засега е во добра состојба и е под надзор на лекар.
- Advertisements -
Засега не се објавени детали за пациентот, на која возраст е, ниту неговата националност.
Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста и мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивната здравствена состојба.