545
Во делови на Германија падна ситен снег, само месец дена пред официјалното започнување на летото.
Тенка снежна покривка изутринава ги дочека жителите на планината Јарц во централните делови на земјата, на висина од 700 метри, пренесува „АП“.
Германската метеоролошка служба соопшти дека ладниот бран ќе се помести на југ и ќе потрае до понеделник, со снег на Алпите чија висина ќе достигне 20 сантиметри и ноќни температури под нулата.