Во Германија на крајот на првата половина од оваа година имало 3,48 милиони бегалци, што е за околу 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година и најмногу од 1950-тите, пишува „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, повикувајќи се на податоци на германската Влада.
Ова ги вклучува сите луѓе, без разлика на нивниот статус на престој, кои во моментов бараат заштита во Германија од хуманитарни причини – од баратели на азил, признати бегалци, до лица чиј престој привремено се толерира.
Од 3,48 милиони бегалци, околу 1,18 милиони се од Украина, пишува „Дојче веле“.
Поради депортации и доброволни заминувања се намалува бројот на лица кои се обврзани да ја напуштат Германија, се наведува во одговорот на германската влада на прашањето поставено од Левица.
Во средината на оваа година имало 226.882 лица со обврска да ја напуштат земјата, што е за 15.760 помалку од крајот на 2023 година. Тие мора да ја напуштат Германија, но се толерираат бидејќи не можат да бидат депортирани во земјата на потекло.