Во Германија нападнати двајца советници и член на десничарската АфД: „Ова беше организирано од радикални левичари“

by Fokus

Во Германија, во два одвоени инциденти, во покраинскиот парламент беа нападнати двајца советници и член на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) од Саксонија.

Во Карлсруе вчера пред кафуле во центарот на градот, маскирани напаѓачи полесно повредија двајца градски советници од АфД и уште едно лице, а претходно истиот ден во Дрезден, маж удрил со тупаница претставник на АфД од Саксонија во државниот парламент, пренесува Велт.

Портпаролот на полицијата во Карлсруе изјави дека на сите повредени им била укажана помош на местото на настанот.

Тој потврди дека полицијата привела пет лица, а по проверката на нивните лични податоци ги ослободила, додека останатите осомничени сторители успеале да побегнат.

АфД објави дека градските советници биле нападнати со бејзбол палка, а полицијата изјавила дека „на местото на настанот е пронајден стап“.

Според АфД во општинскиот совет на Карлсруе, нападот, во кој учествувале околу десет лица, бил организиран од радикални левичарски кругови.

Против напаѓачот на пратеникот на АфД во Дрезден е поднесена кривична пријава.

Поврзани новости