Во Германија маж фрлил десет годишно дете од мост

by Fokus

Германската полиција интензивно трага по четириесет годишен маж, кој зборува руски, а кој фрлил 10-годишно момче од Украина од мост бидејќи зборувало украински.

Според полицискиот извештај што го објави франкфуртскиот портал Феникс-магазин, нападнатото момче во саботата си играло со уште неколку украински деца на мостот над Муленканал во Ајнбек, Јужна Саксонија. Им пришол маж на околу 40 години и им зборувал на руски.

Тој им се спротивставил што зборуваат украински, а ја обвини нивната земја дека предизвикува војна, тврдат децата.

Под околности кои допрва треба да се утврдат, непознатиот маж прво повлекол едно девојче за коса, а потоа грабнал 10-годишно момче и го фрлил преку оградата на мостот во каналот.

-Момчето удри во железните носачи под оградата на мостот, при што се здоби со повреди на главата и на левата нога,  изјави портпаролот на обвинителството, додавајќи дека момчето било пренесено во болница каде подоцна било пуштено.

Напаѓачот побегнал, а децата нападот им го пријавиле на родителите кои веднаш повикале полиција.

Германската полиција издаде налог за пронаоѓање на осомничениот, а Државното обвинителство во Гетинген покрена истрага за обид за убиство од небрежност. Државниот правобранител нападот го оцени како политички мотивиран.

Поврзани новости