Во Германија, Австрија и Холандите тројца мртви поради пиротехника

by fokus

Пиротехниката на новогодишната ноќ во Европа однесе три животи во Германија, Холандија и во Австрија, а повредени се уште дваесетина луѓе.

Во градот Хенеф во Северна Рајна Вестфалија загина 37-годишен маж, а тешко повреден е негов 39-годиѓен пријател. Двајцата славеле Нова година со уште 20-тина луѓе, од кои се одвоиле по полноќ. Сведоци слушнале гласна експлозија, по што ги пронашле на земја.

Полицијата верува дека користеле пиротехника произведена во домшни услови, објави портпаролот во саботата, Истрагат е во тек.

Во Германија повредени се уште 12 луѓе со петарди, меѓу кои и деца, на приватна забава во Белрин. Сите се повредени, а најмладиот има 11 години. Пренесени се во болница. Полицијата верува дека се работи за илегално увезена пиротехника.

Југоисточно од Виена во новогодишната ноќ, животот фо загуби 23-годишник, а повреден е негов другар на 21 година. Едно од пиротехничките средства не експлодирало веднаш, па четворица му се приближиле. Тогаш, задоцнето направата експлодирала. Повредени се у 19-годишник и уште еден маж.

На истокот на Холандија пак, пиротехниката уби 12-годишно момче, а друго дете е повредено.

Наводно децата не ракувале со петардите, туку само гледале маж кој детонирал пиротехничко средство. Мажот е уапсен, за полицијата точно да утврди што се случило.

Поврзани новости