Специјалните сили на израелската армија го открија во Појасот Газа телото на Елија Толедано (28), кој Хамас го киднапираше во напад на 7 октомври, пренесува Ројтерс.
Во соопштението на израелската армија се наведува дека телото го идентификувале медицински службеници, воени рабини и форензичари.
Body of hostage Elia Toledano, who was taken from music festival, recovered in Gaza: IDF https://t.co/JYM0ytmPmi pic.twitter.com/ro3IDJcR27
— New York Post (@nypost) December 15, 2023
Толедано беше киднапиран од музички фестивал на отворено во јужен Израел, по што членовите на Хамас го одведоа во Газа, каде што во моментов се проценува дека се уште се држат повеќе од 130 израелски заложници.
За време на привремениот прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, милитантната група ослободи 105 цивили, меѓу кои 81 израелски државјанин, 23 Тајланѓанец и еден Филипинец.
Израелските власти прогласија некои од преостанатите заложници за мртви, додаде Ројтерс.